Македонија УМС се посветува на младите

Попов: Над 60 млади од сестринските партии од Европа и пошироко се сретнаа и разговараа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Мицевски и Милошовски

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов преку статус на Фејсбук пишува дека над 60 млади од сестринските партии од Европа и пошироко, ја имаа можноста да се сретнат и да разговараат со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и со пратеникот и претседател на собраниската комисија за надворешни работи Антонио Милошовски.

Попов: Над 60 млади од сестринските партии од Европа и пошироко се сретнаа и разговараа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Мицевски и Милошовски

„По вчерашното свечено отворање и пречекот на нашите пријатели од младината на Европската народна партија, посетата на Скопје ја почнавме во Собранието на Република Македонија.

Во рамките на посетата, над 60 млади од сестринските партии од Европа и пошироко, ја имаа можноста да се сретнат и да разговараат со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и со пратеникот и претседател на собраниската комисија за надворешни работи Антонио Милошовски. На средбата се дискутираше за актуелните состојби во македонската и европската политика, политиките на Европската Унија за проширување, а беше претставена и потребата од имплементирање на политики кои ќе овозможат проширување на унијата и интеграција на Република Македонија врз основа на споделени вредности, а не врз диктати и наметнати прашања.

Вториот дел на посетата опфати посета на клубот на младите пратеници, при што заеднички со пратениците Бојан Стојановски, Марија Петрушевска и Миле Лефков, на нашите гости им ги објаснивме ужасните состојби со кои се соочуваат младите во Македонија, како и политиките за излез од оваа ситуација кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе по освојувањето на власта за неколку месеци.

УМС со овие активности уште еднаш покажува дека е најголемиот и најдобро организираниот политички подмладок во Македонија и пошироко, младина која посветено работи на унапредување на животот на младите во Македонија, но и претставување на нашите национални интереси пред светот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top