Македонија Аеродром

Попов: Поддршката за победа на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и кај нашите партнери од сестринските партии и организации во Европа

„Пораката која доаѓа од сите страни е јасна – ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која може да испорача реформи и европска иднина за Македонија“ – истакна Попов по средбата.

Попов: Поддршката за победа на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и кај нашите партнери од сестринските партии и организации во Европа

Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, заедно со потпретседателката на партијата, Гордана Димитриевска-Кочоска и кандидатите за пратеници во ИЕ 1 од УМС,  денеска остварија средба со млади во Аеродром.

„На мое големо задоволство, наши гости беа Хајди Ханела и Еделмира Фери, генерален секретар и потпретседател на YEPP , како и Владимир Клајиќ, генерален секретар на European Democrat Students.

Поддршката за победа на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, како кај нашите сограѓани, членовите и симпатизерите, така и кај нашите партнери од сестринските партии и организации во Европа.

Пораката која доаѓа од сите страни е јасна – ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која може да испорача реформи и европска иднина за Македонија“ – истакна Попов по средбата.

To top