Македонија обвинителство

Обвинителство: Гани Марку е во притвор

Од Обвинителството појаснуваат дека за Гану прекинат е притворот во еден предмет поради истек на шест месеци и веднаш определен нов притвор за друг предмет.

Обвинителство: Гани Марку е во притвор

Од скопското обвинителство информираат дека не се точни пишувањата оти осомничниот за убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шиша бар“ на Кале и на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција, Гани Марку е пуштен на слобода.

Радио Лидер денеска објави документ со одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата, Марку.

Од Обвинителството појаснуваат дека за Гани прекинат е притворот во еден предмет поради истек на шест месеци и веднаш определен нов притвор за друг предмет.

-Лицето во моментов е во ефективен притвор, велат од Обвинителството.

Најнови вести од Македонија

To top