Македонија Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри

Нивото на Охридското Езеро пет сантиметри над просекот за декември

Последните интензивни врнежи во регионот го зголемија водотоците и го подобрија водостојот на Охридското Езеро, така што моментално нивото на водата во езерото е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината.

Нивото на Охридското Езеро пет сантиметри над просекот за декември

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, што е пет сантиметри над просекот за декември (693,32 мнв) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10мнв).

Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри. Температурата на водата е 9 степени и е за речиси 4 степени пониска од декемврискиот просек.

Инаку, времето е сончево, а периодот во карактеризираат температури на воздухот далеку над просекот за овој период од годината.

Најнови вести од Македонија

To top