Македонија

„НЕ МИСЛИМЕ СЕГА ЦЕЛА ГОДИНА“: Вака Данела ги излажа вработените во ЈСП дека се изборила за нивните плати – тие контра неа утре излегуваат на протест!

„НЕ МИСЛИМЕ СЕГА ЦЕЛА ГОДИНА“: Вака Данела ги излажа вработените во ЈСП дека се изборила за нивните плати – тие контра неа утре излегуваат на протест!

Утре (петок) Скопје повторно ќе остане без јавен превоз оти вработените во ЈСП „Скопје“ пак немаат земено плата. Иако на 22 јануари Советот на Град Скопје изгласа субвенции од 11 милиони евра кои беа за плати, вработените ја немаат земено јануарската плата.

Во истиот тој период и градоначалничката на градот преку средба со возачите пред општината гордо извикуваше дека „се изборила за платите на вработените и дека сега нема да мислат цела година за ЈСП.“

Од Синдикатот на ЈСП „Скопје“ велат дека градоначалничката Данела Арсовска ги излажала и прашуваат каде отишле тие 11 милиони евра ако уште првиот месец, откако Советот ги одобри тие средства, пак нема пари за плати.

„Ние сме излажани од градоначачлничката Данела Арсовска. Бевме излажани кога гладни протестиравме во јануари на минус 10 степени дека можеме да бидеме мирни оти имало плати за цела година. Каде отидоа тие пари? Превоз ќе нема, нема да работи ниту администрацијата. Ова е болно и морбидно што ни се прави. Жалиме за скопјани, но овој однос мора да престане“, вели Миќо Стојановски, претседател на синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Советот на Град Скопје на 22 јануари, на вонредна седница ја усвои одлуката за доделување субвенции на ЈСП „Скопје“ во висина од 11 милиони евра. И тогаш вработените на ЈСП излегоа на протест оти советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за одлуката, па Арсовска ги обвинуваше дека тие се криви за хаосот во градот. Сега парите се одобрени, но повторно на сметката на ЈСП нема пари за плати. Од ЈСП „Скопје“ попладнево преку соопштение до јавноста велат дека платата не касни и штрајкот е политичка тенденција да се создаде вештачка криза. „Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат 6 месеци, платите во МЗТ доцнат 3 месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини. Платите во ЈСП се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа“, велат од ЈСП „Скопје“.

Најнови вести од Македонија

To top