Македонија

Навреме отворени избирачките места во Делчево

Навреме отворени избирачките места во Делчево

Во Делчево навреме отворени 36 избирачки места на кои денес можност имаат да гласаат 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори и 14.569 граѓани кои своето право на глас можат да го остварат на парламентарните избори 2024.

– Се наоѓаме на избирачко место 583/1 започнавме точно во 7 часот, имаме вкупно 682 гласачи на ова избирачко место, а во 8:30 часот излегле 39 гласачи, истакнаа претставници на избирачкото место 583/1.

Во Делчево вчера од 220 пријавени болни и изнемоштени лица во вториот круг од претседателските и парламентарните избори 2024 во домашни услови гласале 209 лица.

To top