Македонија „Нашата Влада е една од ретките во ЕУ со директна комуникација со тимот на Трамп“

Наумовски за Курир: Владата има сериозен пристап во надворешната политика, промените што ги започна Трамп ќе имаат сериозно влијание и врз односите со Европа

Македонската Влада е една од ретките во Европа што има воспоставена директна комуникација со тимот во Белата куќа, што несомнено ќе придонесе за нови американски инвестиции, надградба на политичката и безбедносна соработка, како и подобра позиција за Македонија во новата распределба на влијанијата на европскиот континент, вели во изјава за Курир професорот Наумовски коментирајќи ја дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски.

Наумовски за Курир: Владата има сериозен пристап во надворешната политика, промените што ги започна Трамп ќе имаат сериозно влијание и врз односите со Европа

Промените што ги започна претседателот Трамп ќе имаат сериозно влијание и врз односите со Европа, нашата Влада е една од ретките во Европа што има воспоставена директна комуникација со тимот во Белата куќа, што несомнено ќе придонесе подобра позиција за Македонија во новата распределба на влијанијата на европскиот континент, смета порашниот вицепремиер, поранешен амбасадор во Вашингтон и универезитетскиот професор по меѓународно право Васко Наумоцски.

-Честите средби што се остваруваат на високо ниво се показател дека македонската Влада има сериозен пристап во надворешната политика, со акцент на односите со новата администрација на претседателот Трамп, што ја потврдува определбата за натамошно јакнење на билатералните односи со САД. Промените што ги започна претседателот Трамп ќе имаат сериозно влијание и врз односите со Европа, и во целиот тој контекст нашата Влада е една од ретките во Европа што има воспоставена директна комуникација со тимот во Белата куќа, што несомнено ќе придонесе за нови американски инвестиции, надградба на политичката и безбедносна соработка, како и подобра позиција за Македонија во новата распределба на влијанијата на европскиот континент, вели во изјава за Курир професорот Наумовски коментирајќи ја дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски.

После изборите и после победата на Доналд Трамп многу држави се обидоа да се доближат до него. Нашата Влада, би рекол, дека имаше една добра оценка и уште пред одржувањето на изборите во текот на самата кампања воспостави блиски релации со тимот на Трамп, кои се покажаа дека можат да бидат добра основа, затоа што добар дел од тие луѓе што беа тука, некои од нив и повеќе пати, ќе извршуваат високи функции во администрацијата на претседателот Трамп, во извршната власт, да не зборуваме и за оние добри односи со бизнис заедницата која е блиска до претседателот.

Ова го истакна унивезитетскиот професор Васко Наумовски, во своето неодамнешно гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.

– Е сега задачата на опозицијата и дел од медиумите е секогаш да бара причина да критикува, меѓутоа кога е нешто преочигледно не може да се демантира. Ние имаме ситуација кога премиерот и делегација присуствуваат во Вашингтон на најзначајниот настан, сега вие да имате претставник на вашата држава на толку високо ниво би требало ако ништо друго да го премолчите, затоа што не можете да го критикувате премиерот и делегацијата бидејќи отишле таму, оствариле средби, се обиделе да придонесат нешто за нашите граѓани- тоа им е нив и работа, рече тогаш Наумовски и доде:

„Не е едноставно да успеете да имате отворена врата во највисоките кругови во опкружувањето на американскиот претседател. Откако беа остварени тие контакти и самото присуство таму покажува дека Владата имала добра проценка, верувала и ја подржала кампањата на Трамп, односно воспостави една блиска релација. Второ, имате обезбедено покана и присуствувате- ако било толку лесно да се оди без покана, можеле и многу други да отидат на тој настан. Мислам дека треба да бидеме среќни што имаме премиер како никоја друга држава во регионот, што е дел од тие настани, што имал можност да разговара со многу влијателни личности и тие разговори секако се однесуваат за можност да и се помогне на Македонија- дали да се инвестира тука, дали да се зајакне безбедносната соработка…“.

Најнови вести од Македонија

To top