Македонија ќе има имиња и презимиња

Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија ќе има заклучок со имиња, но не знам како ќе се однесуваат пратениците од мнозинството за кои за модуларната во Тетово беше крив кабелот

„Како може да е се по правила и процедури, а истите да ги нема. Стручен колегиум немало, оттука на база на кои критериуми се набавувале лекови и кој проценувал за кого се лековите. Многумина на Анкетната комисија не можеа да одговорат на прашањата за тоа кои биле спецификации за набавка на лековите“, рече Мизрахи.

Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија ќе има заклучок со имиња, но не знам како ќе се однесуваат пратениците од мнозинството за кои за модуларната во Тетово беше крив кабелот

Случајот Онкологија е поради намерно исклучување на контролните механизми и непочитување на законите. Во целата работа има два столба докторите се водат од Хипократовата заклетва, а кога доктор ќе стане директор почитува и одредени процедури. Оттука ако директорот ја заборава својата работа или не ја работи, тука е министерот за здравство и Фондот за здравство, рече Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Дополнително е алармантно, укажа Мизрахи, дека надлежните проценувале дека се е под контрола и по протоколи и процедури.

„Како може да е се по правила и процедури, а истите да ги нема. Стручен колегиум немало, оттука на база на кои критериуми се набавувале лекови и кој проценувал за кого се лековите. Многумина на Анкетната комисија не можеа да одговорат на прашањата за тоа кои биле спецификации за набавка на лековите“, рече Мизрахи.

Мизрахи укажа дека директорот на Клиниката со Управниот одбор определувал колку и што ќе се набавува.

„Ова е целосен хаос, како може тие без лекарски конзилиум да одлучуваат. Ни Филипче немаше одговор како до Клиниката доаѓала наредба од МЗ за набавка на биолошка терапија. Ние видовме таков допис. Така Клиниката влегува во сериозна була“, рече Мизрахи.

Мизрахи се осврна и на како што рече за јавноста познатиот случај со омилени веледрогерии на власта.

„Тука треба да се види зошто е укинат паралелниот увоз, требаше да видиме што правела Агенцијата за лекови, треба барање и до УЈП што сработиле тие веледрогерии и како, потоа требало да се вклучи и Финансиска инспекција. Не може да има дисфункција на две лица назначени од влада, министер и Фондот, а никој да не примети што тие правеле и дека имало пропусти и да реагира за истото“, рече Мизрахи.

Мизрахи укажа и на различните информации од пациенти.

„И покрај се се покажува дека не е дека немало лекови, туку само биле трупани. Или едни велат секогаш имало лекови, а други постојано немало одредени лекови. Тука проблем е и моментот што на некои пациенти им била давана терапијата и оделе на друго место да им се аплицира, тука прашањето е дали и каде им се аплицирала. Едноставно е, не може да го земете лекот од Клиника и да си одите да ви го аплицираат на друго место. Тоа е и незаконски и небезбедно за пациентот бидејќи тој лек се транспортира специфично“, кажа Мизрахи.

Мизрахи информираше дека на крај Анкетната ќе излезе со конкретен заклучок во кој ќе има и имиња и сите ќе застанат зад истиот.

„Заклучокот ќе има имиња и се надевам сите пратеници ќе застанат зад тоа, но од мнозинството може се да се очекува се бидејќи за нив за болницата, модуларната во Тетово беше кабелот виновен и сега може се да биде виновно и во овој случај“, посочи Мизрахи.

Најнови вести од Македонија

To top