Македонија „параноидно се плашат од вистината'

Мизрахи: СДС и ДУИ се плашат да не се открие вистината за Онкологија, затоа и материјалите од анкетната комисија не се доставени до обвинителството

Јас излегов со предлог заклучоци, тоа беа предлог заклучоци каде бев обвинета дека се политички и дека е некаква си политизација. Mеѓутоа земајќи во предвид доколку сте ги виделе, а верувам пошироката јавност ги видела тие предлог заклучоци, истите споменуваат закони и подзаконски акти и точно законите кои се прекршени во дисфункционирањето на системот и контролните механизми како би стигнало и до аферата Онкологија, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

Мизрахи: СДС и ДУИ се плашат да не се открие вистината за Онкологија, затоа и материјалите од анкетната комисија не се доставени до обвинителството

Таа продолжи и додаде дека доколку анкетната комисија траела подолго ќе била повикана и финансовата полиција.

„Доколку анкетната комисија имаше повеќе време можеби ќе требаше да биде повикана и финансовата полиција, односно да биде вмешано и министерството за финансии за да се види потенцијалот земање фиктивни фактури итн. за што нормално имаше импутни информации од документацијата што ја добивме“, рече Мизрахи.

Таа истакна дека материјалите не се доставени сеуште.

„Последната информација која ја добив е дека иако обвинителството даде рок од 5 дена материјалите не се проследени до обвинителството односно претседателот на Собранието не ги проследил до обвинителството“, кажа Мизрахи.

Таа потенцираше дека министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови.

„Министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови, законот за здравствена заштита меѓутоа и законот за здравствено осигурување, директно е инволвиран, директно требал да учествува во издавање на протоколите, квалитетот на работата на клиниката инт. Сметам дека можеби целото прекршување беше буквално поради тоа име Венко Филипче што ни дава до знаење настрана од фактот дека оваа однародена власт е само заштита на одредена група луѓе“, вели Мизрахи.

Таа на самиот крај констатира дека параноидно се плашат од вистината.

„На крајот би констатирала дека ако некој толку параноидно се плаши од вистината и се штити сам во себе особено од ВМРО-ДПМНЕ морал многу да згреши на народот или на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто вие толку параноидно се плашите од народот, опозицијата внатре во својата групација“, заклучи Мизрахи.

Најнови вести од Македонија

To top