Македонија Буџет 2024

Мисајловски: Нови градинки во Ѓорче и Бутел, ново училиште во Гази Баба – народот заслужува повеќе проекти и подобар живот

Кога се сака се се може, бидејќи народот заслужува повеќе проекти и подобар живот. Аирлија, порача Мисајловски.

Мисајловски: Нови градинки во Ѓорче и Бутел, ново училиште во Гази Баба – народот заслужува повеќе проекти и подобар живот

Нова градинка во Ѓорче Петров! Ново основно училиште во Гази Баба! Нова градинка во Бутел! Со задоволство може да кажеме дека дел од нашите амандмани што ги поднесовме како пратеници се прифатени во новиот буџет за 2024 година, истакнува Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Веднаш на стартот на следната година може да се започне со изградба на повеќе капитални проекти што ќе бидат на располагање на сите граѓани. Како пратеник но и како носител на изборната единица 2, драго ми е што обезбедивме средства во висина од преку 225.000.000 милиони денари само во нашата изборна единица. Следната година доаѓа нова влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, каде што ќе има уште повеќе проекти низ целата држава. Кога се сака се се може, бидејќи народот заслужува повеќе проекти и подобар живот. Аирлија, порача Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top