Македонија ИНТЕРВЈУ ЗА МИА

Мицкоски: Веднаш по формирањето на владата ќе ги побараме доказите за лицата кои се на Црната листа на САД, да се отпочнат истраги, а ќе дадеме докази за други лица кои треба да се најдат на Црна листа

Јас ја слушнав Анџела Агелер, амбасадорката на САД, која што вели ние поседуваме сериозни докази. Првата работа што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи е да седне и да побара, кои се тие докази, да видиме да дојдат по допрен глас, да има предистрага, истрага итн., за нешто што претставува сериозен доказ, да видиме. Но исто така ние ќе помогнеме со докази со коишто располагаме и други лица од Македонија да бидат ставени на црната листа. Така што тоа очекувам да биде двонасочна улица, кажа претседателот Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

Претседателот нагласи дека по формирањето на владата ќе се пристапи кон составување на нов Кривичен законик, за кој ќе има јавна дебата, во која ќе бидат вклучени експерти и кој ќе биде согласно европските пракси. Додека за најавите за целосно распуштање на сегашните состави на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, за носење на нови закони со кои ќе се регулира нивното работење и за тоа дали всушност ова ќе биде ветингот на правосудниот систем, нагласи дека тоа ќе се направи со цел целосно да се отстрани политичкото и партиското влијание врз правосудството.

Во законот ќе се интервенира со амандмани и ќе се избрише делот каде што владата предлага, претседателот предлага, ќе оставиме самите обвинители судии да си ги изберат тие кои ќе бидат таму. Ќе им обезбедиме соодветен буџет независен, да знаат дека секоја година ќе имаат процент од буџетот, соодветен на БДП и владата ќе врши надзор на работењето во финансиска смисла, да не дојде до каква било злоупотреба. Никого не познавам во Обвинителство, никого не познавам од судство, иако многумина сега сакаат да се запознаат со мене и обвинители и судии. Нека си ги изберат самите. Да не биде после овој обвинител, аха тој е на Мицкоски, овој судија, аха тој е на Мицкоски. Не, не сакам така. Не сакам владата да предлага ништо, самите нека си изберат. Нека си имаат кандидати од секое апелациско подрачје, нека си гласаат, нека си ги изберат тие кои мислат дека се најдобри, нека бидат и тие во тие тела во советите итн. на обвинители и Судскиот совет и нека функционираат. Ние како влада ќе им дадеме буџет. Ќе бараме само да се почитуваат законите. Но почувствувам ли дека ќе имаат политички влијанија на некои други, почувствувам ли дека ќе имаат бизнис влијанија, жестоки казни ќе предвидиме. Не само промена. Со закон, со затвор. Со затвор ќе бидат казнети, сериозни казни. Затоа што им овозможуваме самите да функционираат, им обезбедуваме како идна влада независно финансирање и работење. Единствено нешто што бараме е да обвинуваат согласно закон и Уставот и да судат според закон и Уставот, истакна претседателот.

To top