Македонија Анализа на ТВ 24

Мицкоски: Опасна е онаа етничка поларизација што ја прават ДУИ и СДС на Албанци и Македонци – ќе бидат поразени!

-Европски фронт ли е тој што упаѓа во македонска навигација, што шамара вработени и што го загорзува небото на земја членка на НАТО, рече тој.

Мицкоски: Опасна е онаа етничка поларизација што ја прават ДУИ и СДС на Албанци и Македонци – ќе бидат поразени!

Сојузници на ВМРО-ДПМНЕ се граѓаните и народот, а политичките партии во процесот на формирање на влада можат да бидат сојузници на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како свој сојузник го гледа народот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Анализа на телевизија 24.

Мицкоски запрашан за европскиот фронт на СДСМ и ДУИ, потенцираше дека не може европски фронт да биде тој кој што влегува во македонска навигација и шамара вработени и го загрозува небото на земја членка на НАТО.

-Европски фронт ли е тој што упаѓа во македонска навигација, што шамара вработени и што го загорзува небото на земја членка на НАТО, рече тој.

Во однос на изјавите на Димитар Ковачевски дека влада ќе направи СДСМ, Мицкоски нагласи дека Ковачевски и во минатото и сега кажува многу работи, но не може да се сети која од тие работи излегла точна.

-Ковачевски кажал многу работи па ретко можам да се сетам која од тие работи излегла точно. Тие претпоставувам реферираат на онаа алузија која што во јавноста беше позната како СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите партии. Да претпоставиме ситуација на 8ми мај дека овој така наречен европски блок чека резултати, и на тие резултати кандидатот за претседател на тој блок губи, победува тој на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ги победува овој блок, и ВМРО-ДПМНЕ математички може да направи 61 пратеник со некои други политички партии, што ќе се случи тогаш, праша Мицкоски и додаде:

„Опасна е оваа игра која што ја играат затоа што повторно создаваат етничка поларизација. На овој начин етнички се поларизира, од една страна Македонците и останатите, од другата страна небитен политички субјект и Албанците. Ќе бидат поразени, верувајте“.

Најнови вести од Македонија

To top