Македонија Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со апел до претседателот на ДУИ

Мицкоски: Ахмети јавно нека ја соопшти кандидатурата за претседател, а не да се крие позади нарачани текстови од кабинетот на неговиот најблизок соработник

Мицкоски упати апел и совет до Ахмети да не се крие позади нарачани текстови кои се плаќаат со народни пари од кабинетот на неговиот најблизок соработник, туку, ако веќе има такви амбиции, да излезе и јавно да ги соопшти.

Мицкоски: Ахмети јавно нека ја соопшти кандидатурата за претседател, а не да се крие позади нарачани текстови од кабинетот на неговиот најблизок соработник

Не би ги коментирал случувањата во другите партии. Слушнав за таа можност во текот на вчерашниот ден. Го охрабрувам господинот Ахмети да се вклучи во една таква трка, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од теренската посета за увид на градежни активности во Охрид, запрашан за коментар за евентуалното учество на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во трката за претседател на Македонија.

Мицкоски упати апел и совет до Ахмети да не се крие позади нарачани текстови кои се плаќаат со народни пари од кабинетот на неговиот најблизок соработник, туку, ако веќе има такви амбиции, да излезе и јавно да ги соопшти.

„Ми пречи тоа што, можеби би го советувал, еве доколку ми значи нешто мојот совет, да не го објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник. Ценам дека треба да излезе, да се охрабри и самиот да ја најави кандидатурата, нема потреба да се крие позади такви спинови. Така што, ако тој цени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади такви нарачани текстови на портали кои што ги финансира неговиот соработник од народни пари“, рече Мицкоски.

Мојата порака и мојот совет, додаде Мицкоски, би бил дека ова е одлична можност за незаслужена политичка пензија.

Најнови вести од Македонија

To top