Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски очигледно не е ниту некаков фактор во владата- неговото, „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога нема одговори

Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му!

Ковачевски очигледно не е ниту некаков фактор во владата- неговото, „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога нема одговори

„Не сум портпарол на функционерите, чии роднини се вработени во МНАВ“, вели Ковачевски. Точно, Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неговото, „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога Ковачевски нема одговори. Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му!

Понатаму, не заостануваат ни од ДУИ, во партиските и роднински вработувања, па така: Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби ја вработил снаата, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – си го вработил внукот.

Јавноста памети дека од 2018, континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

– син на директор на социјалните фондови;

– внук на директор на телекомуникациски оператор;

– Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;

– Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески;

– роднина на екс-министерот Горан Сугарески;

– за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС.

Ова е сликата на оваа власт, роднински вработувања, подржани од бандитски групи, кои се спремни на се, да ги одбранат своите газди.

Народот е решен овие лица, да ги пратат во историјата, а потоа, да ги повикаат на одговорност, тие само знаат да ја цицаат државата и да ја користат, за приграбување, на што поголемо богатство и вработувања на роднини, во институции каде има плати од илјадници евра.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме?, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top