Македонија  Груби пример дека до вчера недопирливите се сега „дофатливи“, ова е само почеток

Костов за случајот Груби: „Леси се враќа дома“, некој немирно ќе спие од денес (ВИДЕО)

Oва е голем ден во битката со корупцијата и организираниот криминал во Република Македонија, од аспект што се покажува дека дофатливи ни се досега недофатливите, недопирливите политичари од врвот на власта. Ова е само почетокот, ќе бидеме мирни кога ќе дочекаме и оној Ковачевски кој е во бегство, од РЕК Битола тој директорот – поет, па и Прпарим оној директорот од Лотарија да си дојдат дома, како и оние братучедите на Вице Заев, ама значи се работи, изјави Костов за ТВ Алфа.

Костов за случајот Груби: „Леси се враќа дома“, некој немирно ќе спие од денес (ВИДЕО)

Случајот на Артан Груби е доказ дека работите во Македонија се движат во друга насока и не се „како до сега“, ова е само почеток, вели поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во интервју за ТВ Алфа со Љупчо Цветановски. Паниката во СДС за него е разбирлива, се работи за лик кој беше во врвот на власта на Заев и Ковачевски, корумпиран политичар кој знае многу работи за дејствувањето и вмешателноста на Зоран и Димитар.

„Oва е голем ден во битката со корупцијата и организираниот криминал во Република Македонија, од аспект што се покажува дека дофатливи ни се досега недофатливите, недопирливите политичари од врвот на власта. Ова е само почетокот, ќе бидеме мирни кога ќе дочекаме и оној Ковачевски кој е во бегство, од РЕК Битола тој директорот – поет, па и Прпарим оној директорот од Лотарија да си дојдат дома, како и оние братучедите на Вице Заев, ама, значи, се работи.

Да не заборавиме, втор човек во владата на СДСМ и ДУИ, едно време додкеа беше Ковачевски и прв човек на Владата беше Артан Груби, да не заборавиме шеф на кабинет на Али Ахмети, дечко од доверба на Али Ахмети, најверојатно и негов можен наследник беше, и еве го човекот се враќа дома. Не е соодветно, ама „Леси се враќа дома.“ Лично мислам дека правдата треба да биде задоволена и ќе биде задоволена. Е сега, некој немирно ќе спие од денес.

Ова е веќе паника во редовите на СДС и ДУИ. Доаѓа главниот играч, прво на Али Ахмети, потоа на Заев и во финале на Димитар Ковачевски. А тоа дека ќе „одработувал“ за ВМРО-ДПМНЕ, да ве потсетам, ако некој најарогантно се однесуваше и ги навредуваше тоа беше Груби, да не ве потсеќам што се има кажано тој против партијата, лидерот и раководството“ посочи Костов во „За или против“.

Според Костов и СДС и ДУИ се во паника од она што Груби може да го каже во постапката, а за него ќе има повеќе испреплетени процеси во кои тој е замешан како лицето на коруптивната и криминогена ДУИ. Вели дека ни Али Ахмети не може да знае се’, не па Заев и Филипче. „Ако биде куќен притвор, се знае – договор со ЈО е направен однапред“, најави пред тоа да се случи поранешниот јавен обвинител, посочувајќи дека сакале или не, но законот го дозволува тоа. Работата ќе оди погоре во СДСМ, убеден е Костов, кој не го потценува ни уделот на Васко Ковачевски, но влогот кај Груби очебијно е поголем, па немирното спиење станува дел од повечерието на сегашната и екс врхушката на екипата од Бихаќка.

Најнови вести од Македонија

To top