-До сега не гладам дека грешат, имаат мотив да покажат поинакво дејствување на институциите од досегашната парадигма и матрица. Јас гледам дека ја покажуваат, потенцира поранешниот обвинител и истражувач Сотир Костов во „За или против“ на ТВ Алфа.
„Ова е пресвртница! Значи граѓаните побараа правда и одговорност, Владата им вети и ќе ја добијат. Ако тоа биде испорачано, немаме проблем, ако тоа не биде испорачано сите имаме проблем“, дециден е Костов.
-Јас гледам дека се испорачува, за мене институциите молскавично работат. Овде не мислам само на полицијата, министерствата и Владите, гледај го здравството кое ни беше во распаѓање. Од онаа докторката во Кочани, од Брзата помош во Кочани, од пожарникарите, од полицајците што дошле на лице место, каде полицаец загина, гладам пошироко, додаде Костов.
-Јас не верувам дека некој, некогаш имал поодврзани раце а и досега реагираа како што треба, дали мислиш дека ќе се расчисти до секое последно, парче, парампарче, бидејќи се е направено парампарче, како оваа ситуација за да не се повтори. Бидејќи не верувам дека некој некогаш имал волку одврзани раце од народот кој што со акламација поздравува за секое притворање и се’ затоа што се бара одговорност. Мислиш дека ќе се расчисти како што треба, не зборувам само за обвинителите, системот е поголем, оној што треба да ги среди овие работи? го праша новинарот Цветановски, на што Костов одговори дека притисокот на јавноста го „разработе“ и обвинителот за кого не верува дека ќе го дочека крајот на овој трагичен случај.
„Ќе почнам од човекот кој реков не го ценам многу. Обвинителот. Година дена не покажа многу, па еве му шанса. Ама јас и гледам работи. Значи притисокот кај него е голем. Тој треба само да си ја коригира одлуката за обвинителот кој е дел од истрагата за Модуларната во тетово, да си ја преиспита и да го врати.
Ги појачал кочанчани (обвинителството), браво, алал да му е. Значи на Кочани му треба тоа, јас сум изникнал од тоа обвинителство, јас го знам тој суд, има ресурси таму и доволни се таму. Ќе ги појачаат и судиите. Притисокот јавен моментално е највисок и најтежок ама гледам се носат успешно, врз Владата и премиерот, министерот Тошковски и министерството. Немаат право на грешка“, изјави Костов, аналитичар и поранешен јавен обвинител во гостувањето на Алфа Телевизија во емисијата За или Против.