Македонија Големите предмети, тест за новиот јавен обвинител

Костов до јавниот обвинител Савевски: Да избере добар тим, да биде храбар и да тргне во беспоштедна битка против криминалот и корупцијата

Важно е дали има експертиза, дали јавнообвинителска или судска, дали има квалитети да управува, да менаџира со подзаспаното Јавно обвинителство на Република Македонија кое е расчленето на енколку гранки. Наназад имавме многу лоша карма да двата државни јавни обвинители да не ни се погодат, овој сега што си замина и тој претходно и многу работите заостанаа на планот на организирање на планот на корупцијата, високата корупција, институционалната корупција, организираниот криминал, изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со новинарот Љупчо Цветановски аналитичарот и поранешен Јавен обвинител Сотир Костов по одлуката на владата за именување на Ненад Савевски за нов државен Јавен обвинител.

Се надевам дека ова е еден вид брејк, дека ова ќе е засврт некоја позитивен, да се надеваме и доколку биде избран, вели Костов.

-Му посакувам да си направи добар тим. При составувањето на тимот, две – три работи треба да му се битни: стручни луѓе, компетентни луѓе, луѓе со знаење, луѓе со искуство ама и најмногу од се луѓе со карактер. Личности, во вистинска смисла на зборот да го вратиме вистинскиот лик на Јавниот обвинител кој треба биде страхопочитувана личност за оние кои ја поминале границата на дозволеното, оние кои прават прекршоци на законите, уставите и подзаконските акти, оние кои влегуваат во криминогените води и особено оние кои ги узурпираат, злоупотребуваат функциите што ги обавуват, тука мислам на политичарите, оние кои што се огрешија и да ги гони, истакна Костов.

Костов го охрабрува Јавниот обвинител да биди храбар и да тргне во една безпоштедна битка против криминалот и сторителите на кривични дела.

-Ќе треба човек кој мора да е храбар, му предлаган нека не биде скромен, нека побара засилено обезбедување за него и за семејството, да ги засука ракавите, со тимот што ќе го формира како во јавното обвинителство така во органирираниот криминал, вишото јавно обвинителство, скопското обвинителство, сите јавни виши обвинителства и обвинителства во општините и да тргне во една безпоштедна битка против криминалот, против сторителите на кривични дела, да ги процесуира без некои големи спектакли, му посакувам да соработува, онолку колку што е потребно со полицијата. Кончно очекувам овој јавен обвинител да ги активира во вистинска смисла на зборот истражните центри кои се под јавните обвинители, тоа не го направија ниту СЈО-вците, тоа не го направија ниту минатите двајца јавни обвинители, да соработува со сродните институции: Агенција за перење пари, за финансиски криминал, со судовите и едноставно му посакувам во првата фаза од 3 до 6 месеци да ги реши најголемите заостанати предмети, ќе ги најде во Јавното обвинителство и кај неговите помошници сега што ќе ги затекне, ќе ги најде во Вишото обвинителство, во скопското обвинителство, рече Костов.

Според Костов тест за новиот Јавен обвинител ќе бидат големите предмети, „Бонусите на СЈО“ каде противправно беа пдземени 4,6 милиони евра – случајот со од 11 обвинители и од истражители и други јавнообвинителски функционери и случајот „Пулс“ – Кочани, Модуларната болница, што ќе биде со Ласкарци.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top