Македонија какафонија

Ќе паднат ли во вода политичките „гимнастики“ на СДСМ?!

Какфонијата која со месеци ја слушаше македонскиот народ дека нема да имаме споени претседателски и парламентарни избори по се изгледа ќе падне во вода.

Ќе паднат ли во вода политичките „гимнастики“ на СДСМ?!

Какафонијата која со месеци ја слушаше македонскиот народ дека нема да има споени претседателски и парламентарни избори по се изгледа ќе падне во вода.

Имено лидерот на СДСМ и претседател на владата, Димитар Ковачевски со вчерашната изјава како да наговести дека идната година ќе имаме редовни претседателски и предвремени парламентарни избори, а предвремени парламентарни избори ќе имаме со цел да се намалат трошоците на државата.

Ако се земе во предвид тековнава година, од кога поинтензивно опозициската ВМРО-ДПМНЕ почна да бара предвремени парламентарни избори, од страна на владејачките партии следеше канонада на изјави дека идната 2024 година ќе биде година во која ќе имаме два изборни циклуси, претседателски во мај, а парламентарни избори на лето, односно СДСМ не прифаќаше изборите да бидат споени со цел да се намалат трошоците за истите.

Поранешниот заменик министер од редовите на СДСМ и актуелен член на ДИК, Оливер Ристовски минатиот петок во едно интервју кажа дека изборите нема да чинат колку што вели опозицијата, но сепак Македонија тој процес ќе ја чини повеќе од тоа доколку истите се оддржат во ист термин.

По ваквите изјави следи промена на ставовите кај лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој вчера го изјави следното:

– Се водат разговори со партиите за одржување на изборите и, како што реков, во мај има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Планирам во текот на декември да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која ќе можеме да ги дефинираме сите детали за идната година да одиме на избори, рече Ковачевски.

За ваквата драстична промена на изјави, став побаравме и од владејачката партија.

-Прво ќе има претседателски, па парламентарни, кратко ни одговори портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не остапија од барањето изборите да бидат споени, а потпретседателот на партијата Александар Николоски во едно телевизиско интервју истакна дека ако претседателските и парламентарните избори се одржат одвоено, државата ќе биде „замрзната“ седум месеци, па според него постои ризик претседателските избори да не успеат и да треба да се повторат.

По вчерашната најава на премиерот Ковачевски за спојување на изборите став побаравме и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Промената на ставови во СДСМ се должи на тоа дека тие не можат да излезат од мачо-матрицата која што се обидува да ја наметне Ковачевски, кој за да го убеди своето членство дека ја има контролата во партијата, наметнува дека неговиот став е последен и дека секогаш неговата идеја е онаа која што ќе победи во преговорите со останатите политички партии, како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени за избори во секој момент и ја поздравуваме разумната одлука изборите да бидат оддржани во еден термин, вториот круг на претседателски избори заедно со парламентарните избори, со што Ковачевски може да ја напушти мачо-матрицата затоа што тоа не му помага да ја води државата во овој период до изборите, а уште помалку му помага да ја држи контролата во сопствената парија во која си имаат внатрешни поделби и несогласувања околу многу аспекти, но добро е за државата, за економијата, за стопанството, за општеството, изборите да бидат во еден термин и заради тоа и го поздравуваме ваквиот тек на настаните, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали како партија сметаат дека драстичната промена во ставовите на Ковачевски и СДСМ влијание има нивниот коалиционен партнер ДУИ, Андоновски со следниот став:

-Ковачевски е послушник на перјаниците на ДУИ, особено на Артан Груби и во таа насока не изненадува фактот што постојано ги следи ставовите на неговиот посилен коалиционен партнер ДУИ, а тоа е многу штетно, бидејќи Македонија ја предводи најкорумпираната елита ДУИ, со  нивните помошници во лицето на Ковачевски и неговите министри. Поради овие работи СДСМ има промена на ставовите и постојано ги следи ставовите на ДУИ, практично како да имаме премиер и доминантен лидер од страна на ДУИ, а СДСМ постојано се однесува како помал коалициски партнер во владата, истакна Андоновски.

Став побаравме и од првиот вицепремиер Артан Груби, но до овој момент тој не одговори на нашите повици.

 

 

 

 

Најнови вести од Македонија

To top