Македонија

Јаревски: Коалицијата СДС и ДУИ преку изведувачот Стевчо Јакимовски отворено фаворизираат бетонизација на Карпош за бизнис од 600 милиони евра

Јаревски: Коалицијата СДС и ДУИ преку изведувачот Стевчо Јакимовски отворено фаворизираат бетонизација на Карпош за бизнис од 600 милиони евра

Коалицијата СДС, ДУИ и изведувачот Стевчо Јакимовски отворено се заинтересирани и фаворизираат бизнис вреден повеќе од 600 милиони евра за нова бетонизација на Карпош, ова денеска преку прес-конференција го истакна Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за изградба на висококатници и до 35 ката кај поранешна Алумина, а инвеститор е фирма во сопственост на семејството на пратеникот на власта Исмаил Јахоски поточно, Пуцко Петрол. Бизнис интересот на СДС и ДУИ да се изградат 353.491м2 станбено деловен простор на ултра луксузна локација, со што од тој дел на Скопје ќе направат инфраструктурно тесно грло и ќе го отежнат живеењето како на потенцијално новите жители, така и на постоечките. Зошто власта на СДС и ДУИ го турка овој проект? И зошто се ставени во неговата одбрана? Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, е компанијата која сака да ги гради висококатниците. Бетонизацијата на Алумина е во директна корист за ДУИ, вели Јаревски.

Тој додава дека за бизнис од 600 милиони евра Јакимовски е претворен во портпарол на оваа политичка бизнис коалиција наречена СДС и ДУИ. За интерес од 600 милиони евра ќе има нова бетонизација на Карпош.

ВМРО-ДПМНЕ е отворено против и ќе ги спречи ваквите налудничави бизнис планови на власта. Прашањето е колку од бизнисот над 600 милиони евра ќе заврши во приватни џебови на луѓе на власта?, прашува Јаревски.

Најнови вести од Македонија

To top