Македонија машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра

Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

-Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДС исто така набавил машина за бележење на патишта за сума од 15.000 евра, односно 6 пати поскапо од тоа што самите СДС тврдат дека истата може да се набави. Воедно иста таква машина е набавена од општина Центар.

Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра. Машини за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати поскапо, истакна Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДС исто така набавил машина за бележење на патишта за сума од 15.000 евра, односно 6 пати поскапо од тоа што самите СДС тврдат дека истата може да се набави. Воедно иста таква машина е набавена од општина Центар.

Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, градоначалниците на Струмица и Центар, и двајцата од редовите на СДС купиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поголема вредност од онаа за која тврдат дека може да се набават.

СДС тврди дека машини какви што купиле нивните функционери и за 250.000 евра, можат да се купат и за 2 до 3 илјади евра. Ова е сериозно обвинување, но и сериозно тврдење од страна на СДС, согласно тоа бараме од ЈО сериозно да ги истражи набавките на општините Струмица и Центар, како и на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Каде завршила разлика од стотина илјади евра во случајот со ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта? Во чии џебови се над 200.000 евра?

Каде завршија повеќе од 10.000 евра од набавките во Струмица и Центар?

Дали функционерите на СДС крадат преку машини за бележење на патишта?

ЈО веднаш да отвори истрага. Недомаќинското и криминално однесување на СДС е на директна штета на граѓаните. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додава Јаревски.

To top