Македонија Пратенички прашања

Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа на институциите дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте?

Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани.

Јанушев до Спасовски: Знаевте дека поради нестручност и нефикасна работа на институциите дојде до трагичната ликвидација на двајца сограѓани- зошто лажевте?

Речиси две недели Спасовски не одговара дали постои соодветен правен акт со кој се регулира процедурата и постапувањето при потраги за исчезнати лица, ќе започнам оттаму. Спасовски, дали упатството за начинот на распишување промена, запирање и објaвување на потрага по лица и предмети од 2007 година е сеуште на сила, праша Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања.

Тој во текот на своето обраќање се повика на упаството од 2007 година и го запраша Спасовски кои се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

-Во членот 2 од ова упатство е наведено дека трагањето по лица претствува организирано преземање на оперативно-тактички мерки кои ги превзема полицијата и полициските службениците можат меѓудругото да повикуваат и да собираат потребни известувања од граѓани и да соберат и извршат преглед и претрес на лица и превозни средства. Кои оперативно-тактички технички мерки ги превземавте во последната потрага? Во членот 12 од упатството е наведено дека при превземање на посложени оперативно тактички технички мерки одделение за потраги, може да го превземе координирањето и организирањето на потрагата, па следствено на тоа Спасовски ве прашувам дали и кого одделението за потраги ја превзема потрагата.Понатаму во членот 28 е предвидено, Секторот за внатрешни работи да ја следи реализиацијата на предложените мерки за потребите на потрагата, да изводи план за мерки и активности, да организира и прибира сознанија за предметот на потрагата и по добиените сознанија може да предлага превземања на други и активности, па затоа ве прашувам кој се првично предложените мерки, дали и кога е изработен планот и дали се предложени други мерки и активности за потрагата. Во интерес на јавноста ќе кажам ова упаство на кое се повикувам е донесено во 2007 година и оттогаш има две измени и дополнувања и тоа во 2008 година и 2014 година, рече тој и додаде:

-Затоа ќе го прашам Спасовски дали смета упаството од 2007 година, 16 години старо требало барем еднаш да биде изменето во неговото 9 годишно министерување со цел да се приспособи кон нованастанатите околности, развојот на технологиите, праксaта од современите држави и така натаму, особено ако се има во предвид фактот дека со оваа телеграма од 03.02.2023, на девет страни детално се даваат инструкции во 29 точки за пропустите со кои се соочува МВР.

Јанушев исто така посочи дека Оливер Спасовски знаел дека полициските службеници не се придржуваат на упаството и дека нестручно и неефикасно се работи и се прават грешки и тоа на крајот резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани.

-Овие постапки и каде што е наведено „Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бараат да се придржуваат до споменатото упатство како и до погоре дадените насоки и инструкции со кои би се надминало нестручното работење во самата проблематика, а со цел да се зголеми ефикасноста и точноста на постапувањето како и запазувањето на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите подрачнидејствија, значи Спасовски знаел дека полициските службениците не се придржуваат на упатството. Спасовски и те како си знаел и си бил несвесен дека нестручно се работи и дека се крајно неефикасни и сте знаеле дека се прават грешки и чекори и во однос на форма и во однос на содржина, ама за 9 години не сте превземале ништо, за што за жал резултираше со трагична ликвидација на двајца наши сограѓани од кои едното е 14 годишно девојче, вели Јанушев.

Тој понатаму потсети на сите факти во врска со оваа истрага.

-Затоа пишував и ги наведов фактите, СВР Велес на 24.11 ги известува сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на комшијата, на 22 околу 11 часот. Исто така контстатирано е дека возилото на Панче цитроен го нема и контстатирале дека Панче заминал со возилото. Ова го констатира полицијата во телеграма од 24.11.Дали е сосема нормално Спасовски да се прати телеграма на 24.11, истио ден на 24, следниот на 25.11 возилото да го има на камерите на Сејф Сити, а полицијата да не го бара, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото. Возило кое го поминало цело Скопје, кое на денот на трагедијата 27 се движело на улица Орце Николов во Дебар Маало, поминало пред општина Центар, ја извозило пола Партизанска, па преку Александар Палас се упатило кон Качанички пат и тоа никој не го забележал и тоа еден ден пред официјалното започнување на Самитот на ОБСЕ, буквално во областа за која тврдевте дека е обезбдена на највисоко можно ниво, најобезбеденото место во тој момент во цела држава, а можеби и во Европа и во светот, потсети тој.

На крај Јанушев го запраша Спасовски што друго крие и за што друго лаже во врска со ова двојно убиство.

-Истото возило кое е најдено опожарено на 27.11, а објавата за потрага за возилото е напревена истиот ден на 27.11 во 19 и 9 минути, цел ден по пронаоѓање на опожареното возило. Зошто Спасовски се чекало речиси 4 дена за да се почне со потрага по возилото на Панче? Дали со непостапувањето на вас и на МВР дојде до втората ликвидација? Одоговорт лежи погоре и пред малку го дадов. Знаевте дека полициските службеници не се придржуваат до упатството, знаевте дека нестручно се работи, дека сте крајно неефикасни, ама за 9 месеци не преземвате ништо. Што друго криете и за што друго лажете Спасовски, праша Јанушев.

Најнови вести од Македонија

To top