Македонија Поддршка за МВР

Јаневски: Почеток на една сеопфатна борба против корупцијата – или Македонија ќе се исчисти, или нема да ја има

-Е сега, прашање е колку во широчина и колку во длабочина ќе се оди. Оваа влада е спремна на тоа. Колку и да е звучно името на Груби и името на Ковачевски, факт е дека глава на криминалот, тоа и ВМРО го кажуваше и имаа и судски процеси, е Зоран Заев и неговиот брат, посочува новинарот Дарко Јаневски во „За или против“ на ТВ Алфа.

Јаневски: Почеток на една сеопфатна борба против корупцијата – или Македонија ќе се исчисти, или нема да ја има

-„Ова што се случува го гледам како еден почеток на една сопфатна борба против корупцијата. Јас тоа многу пати сум го кажал, или Македонија ќе се исчисти, или нема да ја има, нема да ја биде,“ вели новинарот Дарко Јаневски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа и цени дека ова е ситуација во која или ќе се воспостави ред и ќе почне да функционира системот или државата нема да ја биде и ќе пропадне бидејќи луѓето не веруваат во неа.

-„Е сега, прашање е колку во широчина и колку во длабочина ќе се оди. Оваа влада е спремна на тоа. Колку и да е звучно името на Груби и името на Ковачевски, факт е дека глава на криминалот, тоа и ВМРО го кажуваше и имаа и судски процеси, е Зоран Заев и неговиот брат, така велеа. Додека не се стигне до таму, зачи да се отиде во една широчина, додека не се провери, буквално, секој, вклучувајќи ги тука и таквите како Никола Димитров – мора да се провери уште еднаш онаа процедура за стипендија на ќерка му од 40.000  долари во време на Дескоска како министер за образование, Шеќеринска сеедно штое сега таму каде што е, можам да ги редам поранешните функционери уште многу.

Треба да се отиде во една широчина, буквално да биде претресена Македонија на секое поле, потребно е да се заджи тоа темпо, да се нема ден одмор и да се воспостави систем и ред, бидејќи на тој начин и само на тој начин може да се смени атмосферата во државата. Од атмосфера на еден систем којшто се распаѓа и којшто е гнил на секое поле, во кој малку на шега – буквално можете автмобилот да го паркирате пред влада и да не се грижите за последиците, бидејќи распаднат е системот, па или ќе ве дигне пајак или не, значи системот е толку гнил што или ќе се воспостави ред и ќе почне да функционира или државата нема да ја биде и ќе пропадне бидејќи луѓето не веруваат во неа“, потенцира новинарот Јаневски во „За или против“.

Најнови вести од Македонија

To top