Македонија потребни се реформи во правосудството и справување со корупцијаата

Извештај на ЕК: Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во ЕУ

Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА.

Извештај на ЕК: Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во ЕУ

– По првата Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година, аналитичкото испитување на правото на ЕУ (скринингот) напредуваше непречено. Северна Македонија активно се вклучи и покажа високо ниво на посветеност за време на процесот на скрининг. Извештајот за скрининг за Кластерот 1 – „Основи“ беше претставен на Советот во јули 2023 година, се наведува во документот.

ЕК посочува дека со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот 1, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Рамката за преговори, со со цел да се отвори првиот Кластер до крајот на оваа година.

Во Извештајот се наведува дека како земја која преговара со ЕУ, Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во Унијата, вклучително и во областите на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии и јавната набавка.

Во документот се посочува дека властите во земјава постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел, но некои чекори како измените во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво, предизвикаа сериозна загриженост. – Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмаленото справување со корупцијата, вклучително и преку истрага, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, се додава во документот.

Според ЕК, земјата продолжи целосно да се усогласува со сите одлуки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската агресија врз Украина, а придонесе и во справувањето со миграциските текови кон ЕУ преку соработка за реализација на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Најнови вести од Македонија

To top