Македонија

И ВРЕМЕТО „СЕ ПРЕДОМИСЛИ“: Освен студеното време и најавеното сонце – ни доаѓа и снегот оваа недела, еве кога!

И ВРЕМЕТО „СЕ ПРЕДОМИСЛИ“: Освен студеното време и најавеното сонце – ни доаѓа и снегот оваа недела, еве кога!

Времето утре ќе биде наутро многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во среда времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и потопло со локални врнежи од дожд, на планините од снег со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Најнови вести од Македонија

To top