Македонија соодветно решение

Ѓорѓиевски и Тошковски на увид на локација за нова полициска станица во Кисела Вода

На локација, во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор, градоначалникот Ѓорѓиевски на Тошковски му ја презентираше можноста за изградба на нова полициска станица, која е предвидена со ДУП-от.

Ѓорѓиевски и Тошковски на увид на локација за нова полициска станица во Кисела Вода

Градоначaлникот Орце Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денес, заедно со командирите од двете полициски станици на територија на општина Кисела Вода извршија увид во населбата Кисела Вoда.

На локација, во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор, градоначалникот Ѓорѓиевски на Тошковски му ја презентираше можноста за изградба на нова полициска станица, која е предвидена со ДУП-от.

-Денес заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски направивме детален разговор околу подигнувањето на безбедноста на нашите граѓани. Во моментов на територија на општина Кисела Вода функционираат две полициски станици, но со оглед на тоа што во општината живеат околу 70 000 жители, и тоа што едната полициска станица ја покрива цела централна Кисела Вода се до Пинтија, додека ПСОН Драчево покрај селото и населбата Драчево ги покрива и Студеничани, Батинци, Зелениково и Морани, несомнено е потребно отворање и на трета полициска станица. Тоа би овозможило поголема присутност на полицајците на терен, но и побрза реакција во случај на одредени ситуации кога е загрозена сигурноста на нашите жители. Од разговорот со почитуваниот министер Тошковски, сакам да истакнам дека заеднички сме подготвени за нови иницијативи и проекти, што ќе ги засилат нашите напори за изградба на посилна заедница во која доследно ќе се спроведуваат законите и ќе се превенира криминалот-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Министерот се информираше од командирите на полициските станици околу капацитетите кои во моментот се користат и ефективноста во однос на бројот на вработени и искористеноста на просторот.

На пример дека полициската станица „Пролет” е сместена на територија на Центар, а ги опслужува граѓаните на општините Кисела Вода и Сопиште. Заклучи дека има простор за одлична реорганизација, дека просторот кој го предлага градоначалникот Ѓорѓиевски е соодветно решение кое ќе донесе бенефит најмногу за граѓаните, но и за полициската станица “Беко” и за “Пролет”, бидејќи освен што е се зголеми ефективноста поради близината, олеснување ќе има и за сообраќајот и за паркинг просторот кој посебно е изразен како проблем во полициските станици “Беко” и “Пролет”.

Инаку предвидениот простор кој се наоѓа во близина на кружниот тек во Кисела Вода е предвидено да има 3700 метри квадратни, објектот би бил околу 400 квадратни метри, а би и имало партерно уредување и голем паркинг.

To top