Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски се наоѓа во офицјална посета на САД, каде официјално е поканет да присуствува на инаугурацијата на ново избраниот американски претседатело Доналд Трамп, и е единственио лидер од регионот кој ќе присуствува на оваа церемонија.
Мицкоски во рамките на посетата на САД пред самата инаугурација на Трамп оствари бројни средби, како со бизнисмени така и со познати медиумски работници во САД.
Македонскиот премиер вчера се сретна со бизнисменот Крис Павловски сопственик на Рамбл и со Хауард Лутник кој е дел од акционерската структура на компанијата, како и со новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп.
-Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.
Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината, објави вчера Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов, американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на „Rumble“ групацијата.
-Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата.
Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот се сретна и познати и влијателни новинарски имиња во САД, како што се Такер Карлсон и Мегин Кели.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот“, потенцира во одјавата премиерот Мицкоски.
-Го поканив да ја посети нашата земја, објави Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Разговор со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Мегин Кели (Megyn Kelly), објави Мицкоски на својот фејсбук профил.