Македонија Настаните во М-НАВ се вознемирувачки

ДУИ: Осудуваме секоја форма на насилство, безбедноста на сите граѓани е најважна за нас

Од партијата порачуваат дека станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

ДУИ: Осудуваме секоја форма на насилство, безбедноста на сите граѓани е најважна за нас

Демократската унија за интеграција силно ја осудува секоја форма на насилство. Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност, велат од Демократска унија за интеграција.

-Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот. Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ, истакнуваат од ДУИ.

Од партијата порачуваат дека станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

-Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.  Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите, се наведува во соопштението од ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top