Македонија СКАНДАЛ

„Државата си игра со човечки живот„: ФЗО го одби барањето на Леонид за лекување во странство иако тој веќе две недели е во Виена

Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето

„Државата си игра со човечки живот„: ФЗО го одби барањето на Леонид за лекување во странство иако тој веќе две недели е во Виена

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.

Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејствотоЛеонид веќе е неколку недели на лекување во ВиенаФондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањетоПри тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top