Македонија На социјалните мрежи

Дежурниот владин аналитичар Зоран Иванов повикува на отстранување на Универзална сала: Спрега на СДСМ и урбаната мафија за нови згради во срцето на Скопје?

„Ставете спомен плоча и градете на друго место“, констатира Иванов во објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека Универзалната сала е умрена.

Дежурниот владин аналитичар Зоран Иванов повикува на отстранување на Универзална сала: Спрега на СДСМ и урбаната мафија за нови згради во срцето на Скопје?

Зоран Иванов, дежурниот аналитичар на СДСМ, татко на Игор Изи, главниот режисер на власта, повикува да се урниса во целост Универзалната сала во Скопје која беше зафатена од страотен пожар на 9 април.

„Ставете спомен плоча и градете на друго место“, констатира Иванов во објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека Универзалната сала е умрена.

Овој став на Зоран Иванов е само дел од низата искази на луѓе блиски до власта овие денови кои ги само ги потхрануваат дилемите за постоење на цврста спрегата на СДСМ, Владата, општина Центар и урбаната мафија за дополнително силување на главниот град со изградба на нови згради на местото на овој култен симбол за Македонија.

Инаку, пожарот во Универзална сала избувна вчера пред 10 часот. На терен интервенираа 9 противпожарни возила со 24 пожарникари.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Најнови вести од Македонија

To top