Македонија УХМР

Деновиве сончево време со ветер, од недела потопло

Во Скопје претежно сончево и тивко, преку ноќта со променлива облачност. Температурата до 10 степени.

Деновиве сончево време со ветер, од недела потопло

До крајот на денов времето сончево со мала облачност која од вечерните часови ќе се зголемува од север. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко, преку ноќта со променлива облачност. Температурата до 10 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно и ќе дува засилен ветер (и над 60 км/час) од северен правец, најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

-Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде в недела и на почетокот од следната седмица, информираат од УХМР. (МИА)

To top