Македонија Изгледаа сосема поинаку

„Чин на понижување, грижа за хигиена или од безбедносни причини“: Зошто осомничените за убиство на Вања се ишишани речиси на ќелаво – какво значење има тоа?

Првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, синоќа е приведен во Турција.

„Чин на понижување, грижа за хигиена или од безбедносни причини“: Зошто осомничените за убиство на Вања се ишишани речиси на ќелаво – какво значење има тоа?

Облечени во посебна облека и ишишани речиси на ќелаво, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар и тројцата осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишното девојче и 74 годишниот Панче Жежовски, синоќа се донесени во Кривичниот суд.

Под силно полициско обезбедување тие беа изведени пред судија на претходна постапка.

Кога ги видовме со лисици на рацете пред два дена, исто пред суд, тие изгледаа сосема поинаку.

Јавноста е вознемирена до висок степен и бара најстрога казна за овие луѓе. На Фејсбук е отворена иницијатива за враќање на смртната казна во Македонија.

Синоќа ги видовме како изгледаат како затвореници иако уште се во притвор. Гневните граѓани коментираат дека даваат поддршка што овие монструми сега изгледаат вака и дека сигурно сфаќаат колку скапо ќе го платат ужасното дело кое го сторија.

Што значи, во светски рамки, чинот на шишање на притвореници и затвореници?

Постојат неколку причини поради кои на луѓето им се бричат главите пред да одат во затвор. Истите ги наведува и NBC News во едно свое истражување.

Најпрво, за хигиенски причини. Најважно, за да се подготват за психолошката и емоционалната реалност на својот живот зад решетки. Па дури и од безбедносни причини, при несогласувања и тепачки, да не дојде до откорнување на коса при кубење.

Во многу земји бричењето на главата на затворениците е задолжително со закон. Косата е важен симбол, во некои култури има и религиско значење. Затоа, чинот на шишање на ќелаво, некои го сметаат како чин на понижување.

Бидејќи некои земји ја сметаат косата за дел од религиското изразување, бричењето на главите на затворениците таму се смета за контроверзно.

Директорот на затворот во Шутка: Не толерирам фризури за вакви кривични дела

Не толерирам фризури во истражниот затвор за сторителите на вакви тешки кривични дела и не се толерира облека со некакви ознаки на неа, изјави за 360 степени директорот на затворот Филип Андов.

Осомничени за убиството, покрај таткото на Вања, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, синоќа е приведен во Турција.

Најнови вести од Македонија

To top