Македонија за автопатот Штип-Миладиновци

Бочварски: Отворени сме да разговараме за ослободување на онколошките пациенти од патарина

Бочварски: Отворени сме да разговараме за ослободување на онколошките пациенти од патарина

Министерството за транспорт и врски е отворено да разговара со граѓани и Здруженија кои ќе побараат да се ослободат онколошките пациенти од Штип и источниот регион за плаќање на патарини до Скопје и во спротивен правец, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој одговараше на новинарско прашање дали постои можност онколошките пациенти да се ослободат од плаќање на патарини на автопатот Штип-Миладиновци.

– Секако, отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од страна на заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани од страна на одредени институции ќе го разгледаме и секогаш во минатото сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе даде поддршка на сите оние граѓани на коишто им е потребна помош, бидејќи оваа Влада покажа веќе и денеска, но и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид криза, кога има енергетска криза е овде да им помогне на граѓаните, вели Бочварски.

Тој дополнително истакна дека министерството за транспорт и врски во општините низ државата има реализирано и е во фаза на реализација на преку 160 локални улици и патишта.

-Тие средства се директно од страна на централниот буџет на Владата без притоа да ги оптоваруваме општинските буџети за реализација на овие проекти. Токму овде во Штип се реализираа многу значајни проекти исто така децениски коишто многу пати биле дискутирани во многу изборни кампањи во минатото, таква е и улицата „Панче Караѓозов“ и крстосницата во населбата Сењак, подобрување на инфраструктурата во цела населба Автокоманда и секако дека стоиме на располагање да помогнеме на секоја општина во државата којашто ќе поднесе проектна документација за одреден проект, изјави Бочварски.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски додаде и дека соработката од страна на Владата кон општините е огромна, а како што вели каква што не била никогаш досега и тоа се гледа и со последната одлука на Владата, и на Собранието, на мнозинството во Собранието за реализација на голем број на проекти.

-Само преку Министерството за транспорт и врски во овој проект ќе бидат реализирани 15 милиони евра инвестиции, односно финансиски средства за потребите на општините и на граѓаните и ова е нешто коешто во минатото не се случувало. Ниту на една друга централна власт во минатото не се случило да помогне на локална власт којашто била од спротивниот табор или од друга политичка опција, ниту пак на своите од својата политичка опција така што оваа Влада денеска е ориентирана кон реалните потреби на граѓаните, рече Бочварски по увидот во градежните работи на брана на река Отиња во Штип.

Најнови вести од Македонија

To top