Македонија потпишан догово

Бочварски најави железница со високи перформанси

Инвестициите во инфраструктурата се влог во подобра иднина за граѓаните и за компаниите. Убеден сум дека со вакви политики ќе придонесеме за подобар животен стандард на граѓаните од двете држави, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска во Владата во Белград потпиша Меморандум за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридор 10 со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ.

Бочварски најави железница со високи перформанси

Инвестициите во инфраструктурата се влог во подобра иднина за граѓаните и за компаниите. Убеден сум дека со вакви политики ќе придонесеме за подобар животен стандард на граѓаните од двете држави, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска во Владата во Белград потпиша Меморандум за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридор 10 со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ.

За земјава тоа ќе значи преземање на обврски за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на железница со високи перформанси, и тоа во прва фаза на потегот од граничен премин Табановце до Скопје и изградба на нова железничка линија до Меѓународниот аеродром Скопје.

Согласно Меморандумот тоа подразбира изградба на пруга во должина од околу 50 километри со комерцијална брзина со најмалку 160 киломтери на час за патнички возови, односно прилагодување на брзината според локалните услови на трасата.

– Земаме обврска за овие проекти да обезбедиме средства од меѓународните финансиски институции за час поскоро да започнеме со реализација на оваа регионална иницијатива. Со министерот Весиќ во рок од две недели ќе формираме работна група и таа работна група ќе почне да работи на акционен план со динамика за реализација на овој проект. Коридорот 10 за регионот е најзначајниот европски коридор кој не поврзува со Средна Европа и мораме да ги користиме потенцијалите и придобивките, а инвестициите не само што се потребни, туку се и неопходни за да останиме конкуретни на останатите рути во железничкиот и во товарниот транспорт, изјави министерот Бочварски по потпишувањето на меморандумот во просториите на Владата во Белград.

Нагласи дека сега почнуваме со проектирање на нова делница на пруга со високи перформанси и додаде дека е реткост две соседни земји во исто време да имаат исти приоритети и иста желба и подготвеност да реализираат голем инфраструктурен проект.

Посочи дека Владата веќе го одобри Законот за заем за изградба на заедничка железничка гранична точка во Табановце која ќе биде од македонска страна со што се влегува во постапка за изградба на заедничкиот железнички граничен премин со Србија.

– Тоа во иднина ќе биде клучно за развојот на двете држави, рече Бочварски.

Порача дека во овој момент се работи на изградба на пругата на источниот дел на Коридор 8 кон Република Бугарија, инвестиција вредна повеќе од 200 милиони евра, а веќе е завршена реконструкцијата на јужниот дел од Коридорот 10 во должина од 30 километри.

Во одговор на новинарско прашање рече дека до пред две години Владата даваше 6-7 милиони евра на Македонски железници Транспорт годишно како субвенција за да го одржува транспортот. Минатата година одвои 15 милиони евра, а оваа година, додаде, очекува целата помош која што ќе биде исплатена кон Железници Транспорт да достигне 25 милиони евра.

– Граѓаните кога плаќаат 25 милиони евра секако дека очекуваат подобри услуги, но денеска немаат добри услуги и заради тоа ја правиме либерализацијата на сообраќајот за да влезат повече операотори кои ќе ги овозможат таквите услуги, рече Бочварски.

Посочи дека Македонски железници Транспорт во моментов е единствен оператор по македонските пруги.

-Расправата за законот за либерализација на железничкиот сообраќај веќе помина во Собрание и очекувам во текот на наредните денови да биде изгласан во Собрание. Србија веќе има седум години либерализиран сообраќај и генерално сите земји од регионот. Преку промената на овој закон и овозможувањето на либерализираниот превоз ќе овозможиме и други оператори да транзитираат по македонските железнички пруги и со тоа ќе го подобрите и квалитетот на услугите на граѓаните, потенцира Бочварски.

Министерот Весиќ рече дека не може да се очекуваат добри услуги кога возовите се движат со брзини од 40 до 50 километри на час.

– Кога ќе им овозможите повисоки брзини и подобар конфор на патувањето тогаш граѓаните ќе ја користат железницата. Токму затоа се важни инвестициите за да се подигне железницата и да биде поконкурентна од другите видови на транспорт, рече Весиќ.

Најнови вести од Македонија

To top