Македонија Исто ветување на секои избори

Битиќи: Следната влада на СДСМ ќе ја доведе државата до прагот на членство во ЕУ

Ако постои деловничка можност мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада на 28 јануари, во ист дена да се стават на гласање и уставните измени, рече тој.

Битиќи: Следната влада на СДСМ ќе ја доведе државата до прагот на членство во ЕУ

Ние сме докажале дека имаме коалициски капациет, ние ќе го предводиме Европскиот фронт и знам дека на крај на денот Европскиот фронт ќе биде победник на следните избори, ќе ја формира следната влада, што ќе владее до 2028 година и ќе ја донесе државата до прагот на членство во ЕУ, а секако пред да победиме на парламентарни избори нашиот кандидат за претседатеслките избори ќе добие мандат за претседател на државата во наредните 5 години, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.

-Европскиот фронт е отворен за сите политики партии, кои се залагаат за вредностите кои се промовираат, иднината на оваа земја е европска, друга нема. Европскиот фронт е јасен и има јаен пат, нагласи Битиќи.

Битиќи истакна дека СДСМ ќе го испочитува договорот од изборите од 2020 да последните 100 дена има техничката влада.

Битиќи изрази оптимизам за процесот на уставни измени.

-Ако постои деловничка можност мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада на 28 јануари, во ист дена да се стават на гласање и уставните измени, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.

Најнови вести од Македонија

To top