Македонија Очајна е состојбата во Град Скопје

Арсовска без план на состанокот со Мицкоски: Во четврток ќе го презентира пред Советот на Град Скопје, Владата позагрижена од претходно

Арсовска без план на состанокот со Мицкоски: Во четврток ќе го презентира пред Советот на Град Скопје, Владата позагрижена од претходно

Без план, но со критика за работењето на советот на Град Скопје се појавила градоначалничката Данела Арсовска на состанокот со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Министерот на прес-конференција по состанокот истакна дека каменот на сопнување бил зошто не се гласале одлуките на советот, но кога ја прашале Арсовска кои одлуки, се дошло до заклучок дека станува збор за одлуки кои не влијаат на работењето на јавните претпријатија.

Влада на Република Северна Македонија

-Уште позагрижени сме сега, од пред да почне состанокот. Нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби за кои ние како Влада можеме да помогнеме да се реализираат. Од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно, истакна Перински.

Нагласи дека е очајна состојбата во Градот, во јавните претпријатија. Перински посочи дека се разочарани од работењето на менаџментот на „Комунална хигиена“, а пред се од работењето на Градот. Нема заклучок во која состојба е „Комунална хигиена“, со каква механизација располагаат, со колку вработени.

На состанокот се разговарало за две јавни претпријатија, ЈП „Комунална хигиена“ каде Владата смета дека проблемот е најакутен во моментов и второто претпријатие е ЈСП затоа што сметаат дека за десетина дена од сега, ќе има многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на учебната година.

Влада на Република Северна Македонија

-Како генерален заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје е една фаза од препреките за реализација на проектите од страна на Градот. Градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој пред се ќе биде презентиран пред советниците во рамки на советот. Иако нашите очекувања не се големи, морам да признаам, во таа насока ќе почекаме до крајот на неделата да видиме што од нивна страна ќе биде предочено како потреби кои оваа влада може да помогне и врз основа на тие предлог заклучоци, ќе носиме заклучоци, објасни министерот за локална самоуправа кој изрази жалење за состојбите во главниот град.

Додаде дека стојат на располагање доколку од Градот сметаат дека на некој начин можат да помогнат  согласно нивните законски интеренции.

-Како Влада можевме да одбереме и да не се мешаме во тековното работење на Градот, но сметаме дека како приоритет ни се скопјани и на некој начин мораме нешто да придонесеме и да се вклучиме во решавањето на нивните проблеми, посочи Перински.

Влада на Република Северна Македонија

Тој се надева на конструктивност и разбирање, пред се меѓу вработените во Град Скопје и во советот.

Посочи дека претходната влада нема исплаќано средства од буџетот кон ЈСП за превоз на студентите и тоа е пречката за нормално функционирање на претпријатието

-Со ребалансот оваа Влада го сервисираше долгот во делот на кредитната линија за набавка на автобуси, нагласи министерот.

Планот на Арсовска треба да се презентира во четврток на рамки на советот на Град Скопје. На средбата во Владата не се дискутирало за барањето на ЗЕЛС.

To top