Македонија Песимизмот пензиониран со Таче

Анализа: По подолго време, оптимизмот повторно затропа на македонските врати

За само неколку месеци песимизмот е упола од порано,а  позитивата двојно поголема – покажува последната анкета на ИПСОС. 49,9% насто од граѓаните мислат дека одиме во позитивна насока, наспроти вкупно 36,8% граѓани кои ценат дека се движиме во негативна или делумно негативна насока. Последната анкета на ИРИ од февруари-март зборуваше за над 70 насто македонски граѓани кои ценеа дека одиме во негативна, погрешна насока. Во декември 2022-та само минорни 13 проценти во анкета на ИРИ ја одбрале вистинската/позитивна насока.

„Конечно, одиме кон политичка стабилност, економски раст и социјална сигурност“, вели во изјава за Курир аналитичарот и писател Сотир Костов, кој цени дека позитивната атмосфера и оптимизмот се враќаат во Македонија.

Анализа: По подолго време, оптимизмот повторно затропа на македонските врати

На што се должи разбудениот оптимизам во Македонија? Последните истражувања на јавното мислење укажаа на фактот дека песимизмот е преполовен, а оптимизмот двојно поголем. Оваа драстична промена се детектира за само неколку месеци. И додека „победата“ над песимизмот до неодамна беше само „пуста желба“, резултатите на последното истражување на јавното мислење презентирани минатиот петок покажаа дека Македонија нагло се менува и на ова поле. Цела низа претходни анкети зборуваа за „погрешна насока“ со просек од 60 до 70 проценти од испитаниците, а последната покажа дека бројката на песимисти е буквално преполовена.

Дека налетот на позитивната размисла не е само желба и дека „плусот“ навистина затропа на македонските врати, најдобро посведочи токму последната анкета на ИПСОС, изведена теренски и телефонски во првиот дел од минатиот месец, истражување кое потврди дека по подолго време, македонските граѓани чувствуваат позитивни промени и ја менуваат перцепцијата за движењето на државата, состојба која максимално отсуствуваше од анкетите спроведени во минатите години. Во неа, македонскиот песимизам е преполовен во споредба со анкетите од пред само 6 до 7 месеци.

Според најновата анкета најголемиот дел од граѓаните или 25 насто мислат дека Македонија се движи во позитивна насока, 24,9% во делумно позитивна, во донекаде негативна 12,5%, а во негативна 24,3%. Во превод, 49,9% насто мислат дека одиме во позитивна насока, наспроти 36,8% граѓани кои ценат дека се движиме во негативна или делумно негативна насока. Разликата е очебијна, но во истовреме е драстично различна со резултатите на последната анкета направена пред изборната победа на 8-ми мај 2024-та.

Последните години немало анкета со повисока позитивна оценка наспрема негативната. Бројките одеа и до  над 70% негативна оценка на граѓаните за насоката во која се движи државата, сето тоа под „водство“ на владите на Ковачевски и Заев.

Анкетата на ИРИ, објавена на 14 мај 2024 година е темелена на теренска анкета спроведена во периодот од 2 февруари до 2 март 2024-та година. Ова истражување на јавното мислење покажа дека Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји во февруари-март 2024-та рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока на Балканот, според 52 отсто од испитаниците, била Албанија.

Вкупната „негатива“ од сегашната анкета, заедно „негативна“ и „делумно негативна“, е 36,8 насто, што е скоро половина „негатива“ од анкетата на еминентната ИРИ од над 70% пред помалку од 7 месеци, факт за подобреното расположение и оптимизам на граѓаните кој се поклопува со доаѓањето на новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Костов: Позитивната атмосфера и оптимизмот се враќаат во Македонија

Конечно одиме кон политичка стабилност, економски раст и социјална сигурност, вели во изјава за Курир аналитичарот и писател Сотир Костов, кој цени дека токму позитивната атмосфера и оптимизмот, конечно, се враќаат во Македонија.

„Тоа најмногу ни недостасуваше во изминативе години. Аме ете, можело и поинаку од како досега(многу поинаку). Потребно беше некој јавно да го изговори зборот Македонија, без срамната додавка на “С“ (Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова и Премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски), а потоа и да покаже грижа и одговорност кон националните и државните интереси на Македонија, да се залага за нив и да ги брани, и работите да почнат, полека ама сигурно да се менуваат. Следуваше покачувањето на пензиите на 335.000 пензионери (линеарно за 2500 денари) и ветување за уште едно такво покачување во март 2025г., па учебници во рацете на учениците уште на првиот школски час и ден (што не беше случај 6-7 години наназад), па конечно корекција со надополнување на позитивната листа на лекови(15 години наназад не направена), со 9 генерици и вкупно 87 лекови.

Исто така, се воведоа поевтини катастарски услуги поевтини за 6 (шест) пати поевтини, од тие што ни ги “сервираше“ поранешната власт, 600 нови вработувања на 600 лекари, отпочнување на изградбата на болницата во Штип, исплатен долг на Фондот за здравство во висина од 2 милијарди денари, исплата на заостанати плати во Национални шуми и Водостопанство на 3000 вработени… И, ете ти позитивна атмосфера помеѓу луѓето во Македонија.

А кога ќе се земат во предвид и отприлика 500-те милиони евра за инвестиции, обезбедени од новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, 250 милиони евра капитални инвестиции во општините, исто толку инвестиции за малите и средните бизниси (претпријатија) во Македонија, како и отпочнатиот социјален дијалог на Владата со Синдикатите, ете сведоци сме и на враќањето на оптимизмот кај сите нас што живееме и работиме во Македонија“ вели Костов за Курир.

 

Десетици анкети пред изборите со двојно поголема „негатива“ и упола позитивизам

Цела низа на анкети од минатите години покажаа една константа од над 60 проценти или над две третини од граѓаните кои во континуитет мислеле дека државата оди во погрешна насока.

Истражувањето од декември 2022-та година на ИПИС покажа дека 60 насто од граѓаните сметаа дека се движиме во погрешна насока, а  помалку од 25 насто вкупно во позитивна, најголем дел од нив етнички Албанци.

Огромно мнозинство од испитаниците на последната анкета на ИПИС, спроведена во март 2024-та за емисијата Објектив на МРТ, сметаа дека Македонија се движи во целосно погрешна насока. Во изборната единица 5 на прашањето “во каква насока се движи Македонија?„ во месец март 57,6% од граѓаните рекле во целосно погрешна насока, а 12,3% одговориле донекаде погрешна насока, ист толкав процент се определиле за донекаде правилна, 12,9 кажале дека Македонија се движи во целосно правилна насока. Од анкетираните само 5% немале одговор. Повторно, околу 70 насто од граѓаните сметаа дека одиме во погрешна насока.

Овде се детектира и драстичен пораст на граѓаните кои сметаат дека државата оди во позитивна насока, од вкупно 25,2% во март 2024-та за ИПИС до 49,4% во последната октомвриска анкета на ИПСОС.

И анкетата на ИПИС од 26 март 2023-та година во рамки на цела Македонија вели дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта.

И анкетата на ИРИ од декември 2022-та година вели дека само 13% од анкетираните македонски граѓани сметаат дека земјата се движи во вистинската насока, додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти се неутрални.

Резултатите на наведените анкети се должеа на катастрофалната и коленичарска политика на минатата власт на СДСМ и ДУИ, потпишаните редица небулозни и катастрофални договори, негрижата за граѓаните, дебаклот и експериментите во образованието, здравството, економијата и секое можно поле и ресор, недомаќинско работење зачинето со дузина афери, тендери и криминали на тогашната октроирана власт.

Последната анкета на на ИПСОС е направена со телефонски и теренски дел, едната во периодот од 9-ти  до 13-ти октомври на 1500 испитаници, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

Љупчо Цветановски

Најнови вести од Македонија

To top