Социјалдемократско дежа ви. Ова е најкусиот опис на актуелното дејствување на СДСМ, кои по којзнае кој пат во политикантската кариера се обидуваат мизерно и бедно да поентираат врз нечија тажна судбина. Дегутантна навика која, за жал и очиглед на македонската јавност, во моментот се случува со злоупотребата на трагичната смрт на младата Фросина Кулакова.
Како поинаку да го толкувате „спонтаниот“ протест за несреќната млада Македонка закажан за недела пред Влада? Кој и зошто би протестирал пред Влада? Особено по сета искрена благодарност која и во најтешките моменти ја изрази смејеството Кулакови за брзата реакција на секое поле во случајот и за процесуирањето на нејзиниот убиец Васил?
Кој друг, ако не некрофилските хушкачи од СДС и Левица, кои како бедни лешинари како едвај да чекаат вакви судбини за да нечовечки, полни со омраза се нафрлат врз своите политички опоненти кои поинаку на секое можно поле народски кажано буквално ги „мачкаат на леб“ и се супериорни во дејствувањето, настапот, ставот и државните и национални политики?
Не верувате дека некој може да оди толку ниско, не сакате ни да помислите дека „дното има подрум“ и дека адресата на визбата е лоцирана на Бихаќка? Може ли некој да биде толку бесчуствителен и мизерен?
За жал на Македонија и македонската јавност, може. И тоа како. Емпириски докажано, во пракса…
Ајде, да се потсетиме, за сите оние „Неверни Томи“, кои се уште се надеваат дека во оваа мизантропска, шарена партија има останата макар и трунка човештина, наспрема голиот интерес, опортунизам и бескруплозност која таму владее со децении.
Минатиот пат, кога како и сега беа во заслужена опозиција, во која и требаше да останат да не беше местенката од 27-ми април, СДС имаше ТРИ СТОЛБА на нивната „програма“ за враќање на власт. Три крајно опортунистички и бескруполозно злоупотребени човечки трагедии, кои по бедната логика на „повторувањето е мајка на знаењето“, крволочно како расипани плочи катадневно ги потенцираа и повторуваа.
Трагичните животни приказни на МАЛАТА ТАМАРА, МАРТИН НЕШКОВСКИ и НИКОЛА МЛАДЕНОВ. Тажни приказни врз кои нечовечните мизантропи од Бихаќка направија „кариера“, влечејќи ги нивните имиња по протести, дебати, митинзи, „колумни“, медиуми, портали. Три случаи кои остануваат црно петно на партијата која деновиве ита кон итна пасокизација и политичка пензија. И пак, за да не дојдат до повикување на Чом да им го изгаси светлото, повторно, по лоша навика, користа нечија зла коб и трагична судбина.
За волја на вистината, ТРИТЕ случаи кои СДС ги злоупотребуваше со години, беа ставени во нивни превртен и извртен колосек и станаа класична ука подобна за изучување на факултетите – како ултра-јасен пример за лажна вест и злоупотреба на нечија судбина, изместен наратив за некрофилско каљање на доминантниот противник, најниска форма на бизарно и крајно мизерно политканство.
Вистината е нешто со што СДС треба да се срами за век и веков. Секако, доколку имаа срам. Сите три случаи кои тие така бескруполозно ги извитоперија беа сосема поинакви. Реално, малата Тамара испадна дека е жртва на сулудите апетити на бизнис ориентираната мајка, грд факт кој го изнедри истрагата. Убиецот на Мартина Нешковски беше законски процесиран, уапсен, суден и осуден. А, токму Зев беше оној кој се поздравуваше со него в затвор. Несреќата на Никола Младенов беше и остана трагичен несреќен случај. Фактите се јасни, а пред нив, велат, и Боговите молчат. Само СДС ги извитоперуваат, без срам и перде.
Сетете се и на лагите за „невините“ убијци од „Монструм“ кои убија невини деца и за уште поневините терористи од Диво Насеље кои ни убија 8 бранители, за монструозните лаги со кои се служеа Заев и антимакедонската банда за да дојдат на власт. Работи кои, за жал, ги има толку многу што дел и ги забораваме.
Контра нив, лешинарите од Бихаќка и нивните партиски испостави во НВО бандата не мрдна со прст при смртта на 14 луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница, 45-те души кои згаснаа во нелиценцираниот автобус во Бугарија, за Ласкарци и дузина други трагедии од времето на нивното владеење. Двојни аршини и крајно безобразие, со терање на водата кон сопствената, забегана политичка воденица.
Затоа, нека не не’ изненадува новиот “творечки немир“ не хиените од партијата која во недостиг на вистинска инспирација и идеи, шклопоција на „гурање“ преполна со неработници и сеирџии, сега повторно сака да пренасочи, злоупотреби и искористи во своја полза нечија трагична судбина. Велат, старите кучиња не можат да научат нови трикови. Истото, за жал, го гледаме и кај СДС со обидот за пренасочување на револтот во најновиот случај кој видно ја вознемири и потресемакедонската јавност, повеќе од трагичната судбина во кој згасна животот на еден млад, полетен и талентиран млад човек.
Играњето со човечките емоции и ваквиот стил на дејствување е доминантна карактеристика на неолибералните групации, партии и организации. Новокомпонирани пи-ар ќелепури и макијавелисти. Веќе видено насекаде низ светот, но и нешто што на македонски астал лично веќе го искусивме со т.н. Шарена револуција, која беше само шарена дееволуција, бедотија која од државата направи протекторат, а од учесниците мајмуни. А, да се потестиме, СДС одамна нема ниту абер од социјалдемократија во себе. Партијата повеќе од деценија е заложник на Заевите муртински и малограѓански бизнис аспирации и комплекси, искомбинирана со доминантна сопственост на Сорос, луциден хохштаплер кој сега и јавно со свои пулени ги пополни највисоките функции на Бихаќка. А во Канвас школите на соросоидните субверзивни пиони, злоупотребата на граѓанскиот гнев и револт е основа на постоењето. Екипа која во таа средина плива како риба во вода, крволочно и сеирџиски прихранувајќи и насочувајќи го граѓанскиот бес и револт, користејќи како погодни алатки тажни настани кои ним им одговараат во наративот.
Па, макар, против тоа децидно било и семејството на починатата. Макар против истото да било мнозинството граѓани на оваа напатена земја. Ним им се битни оние дестина замаени и заблудени изгубени душички кои ќе им се приклонат, ќелепури „избркани од дома“ во поход по шанса да направат нешто со себе и промашените им кариери и животи, во некаков нов обид за реинкарнација на ступидната новокомпонирана шарена дееволуција, задоени со лажен порив за некакви „промени“, влегувајќи во колескот на редицата корисни идиоти кои треба да дадат свој придонес во невозможната мисија на враќање на власт на партијата која е изгубена во вселената. Мисија, на која не би се нафатил ниту Том Круз…
Сепак, се надеваме дека ова е нова статива на СДС. Уште едно од низата промашувања на самобендисаната некрофилска партија, која постојано ја потценува интелигенцијата на сопствениот народ. Условите се променти, научивме многу работи, а ова се стари, изветвени финти на неинвентивните кулинари од Бихаќка, кои по кој знае кој пат се обидуваат да ги протурат своите бајати повраќаници и сплачини и да ги продадат како кулинарско откровение и невидена посластица и специјалитет.
Не минува веќе ни она „стара финта, нова будала“, овој народ е паталец и јасно гледа дека оваа власт, за промена, се грижи за него и неговите интереси. Итната рекација на полицијата, започната измена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со заострување на казните и санкциите за прекршителите, илјадниците секојдневни казни, минатата казна која за убиецот стана затворска – а не во поправен дом како во време на СДС (со која ќе беше в затвор и немаше ни да се случи трагедијата), како и реакциите на освестената јавност кажуваат се’. Никој нема да падне на вашите забегани, приземни обиди за нова злоупотреба на нечија судбина и добивање евтини политички поени темелени врз смртта на една прекрасна девојка. Подалеку со валканите, опортунистички раце од она што за некого е свето.
А, ако веќе протестирате, протестирајте против себе, притив вашата судијка од Талир 2 која го ослободила Васил, против вашите инструирани и неспособни обвинители, бунете се што го руиниравте и тотално девастиравте системот за да можете на раат да крадете ко да не сте виделе, што не мрднавте со години за „сејф сити“ системот кој во мираз ви го оставија Коце и претходната влада. Лутете се на себе, а народот, тој ви е одамна веќе лут, ифрит. Или, најпластичниот опис на состојбата на умот, соддржана со едно прашање, поставено деновиве: Како тоа што се срамите што сте Македонци, ве прави интелектуалци, да ми е да знам.
Почивај во мир, ангелу…