Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите ан медиумите на СДСМ и ДУИ, тој јасно нагласи дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање мигранти во Македонија. Ова го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.
-Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, Има многу шпекулации во британските медиуми. Овој договор предвидува соработка во сузбивањето со мигрантските групи овде и во регионот, соработка на полициите, споделување на доверливи информации. Суштината на договорот е економијата, објасни амбасадорот.
Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.