Култура Julien Dubuque International Film Festival

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „JDIFF“

Фестивалот е признат како еден од врвните настани од ваков вид, добивајќи место на листата на MovieMaker „50. филмски фестивали вредни за влезница во 2024“ и е меѓу топ 100. најдобро рангирани фестивали на FilmFreeway.com.

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „JDIFF“

13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.

На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.

Она што го издвојува JDIFF од другите фестивали е неговиот силен фокус на заедницата. Филмаџиите се поканети да останат во домовите на локалните жители кои ги отвораат своите врати за нив. Фестивалот нуди и бесплатен превоз до проекциите и знаменитостите во општината, како и бесплатна храна за сите филмаџии. Бидејќи повеќето места се во непосредна близина, учесниците можат лесно да се сретнат и да воспостават нови контакти.

Фестивалот е признат како еден од врвните настани од ваков вид, добивајќи место на листата на MovieMaker „50. филмски фестивали вредни за влезница во 2024“ и е меѓу топ 100. најдобро рангирани фестивали на FilmFreeway.com.

ДМФ Филмс

„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат . Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски.

Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.

To top