Култура НОБ

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Национален џез оркестар

Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите. 

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Национален џез оркестар

Во салата на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени дел од познатите хитови на Френк Синатра во интепретација на џез-пејачот Џон Илија Апелгрен, придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар.

-Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач на 20 век“. Неговата харизматична појава се карактеризира со ретка комбинација на исклучителен вокал и способност да се биде шоумен, карактеристики кои му обезбедија дури три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд за неговата работа во филмот и музиката, се вели во соопштението на Национален џез оркестар.

Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите.  (МИА)

To top