Македонија Реакција

Милошоски: Министерот Османи си ја кодоши сопствената држава

„На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ“, рече тој.

Милошоски: Министерот Османи си ја кодоши сопствената држава

„Не е спорно што министерот во заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки“.

Ова го истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на “европски” фер и демократски избори, посочи тој.

Најнови вести од Македонија

To top