Култура Бијељина

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Северна Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

-Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024 година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори, информираат од Градскиот мешан хор „Вардар“.

Учеството на Фестивалот било поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО – Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Северна Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија. (МИА)

To top