Хроника кај наплатна станица во Гостивар

Возач тешко повреден, удрил во ограда и канделабра на автопатот Тетово-Гостивар

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Возач тешко повреден, удрил во ограда и канделабра на автопатот Тетово-Гостивар

На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top