Хроника ПРЕТРЕС

Во Гевгелија пронајдена дрога, приведен дилер

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис.

Во Гевгелија пронајдена дрога, приведен дилер

На 10.11.2023 година во 11:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на истиот против Т.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top