Хроника мвр

Уапсени крадци во Тетово

На 01.04.2024 во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници.

Уапсени крадци во Тетово

Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

To top