Хроника акција

Уапсен е функционер од Алијанса на Албанците: Бил дел од криминалната група на Шеваљ

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците и советник на партијата во Општина Шуто Оризари, Севдаир Азири е меѓу шест уапсени лица, членови на организирана криминална група, во денешната голема полициска акција во село Грчец и на 20 други локации низ Скопје.

На чело на меѓународната криминална група бил Шеваљ Муареми, од кого вечерва ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија на која е во друштво со идниот технички премиер, Талат Џафери.

Групата, како што објави Спасовски, имала конекции во земјите од Јужна Америка и посредувала при трансфер на дрога во Европа, а дел од неа требал да заврши и на македонскиот пазар. Освен со трговија со дрога, групата се поврзува и со убиства на лица чии тела, како што соопшти Спасовски, биле пронајдени во 2020 и во 2021 година.

To top