Хроника повеќе информации се очекуваат утре

ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТИНИКОЛСКО: Двајца работници се затруле во свињарска фарма – едниот починал на лице место, другиот се бори за живот

Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТИНИКОЛСКО: Двајца работници се затруле во свињарска фарма – едниот починал на лице место, другиот се бори за живот

-Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје, вели Панајотова.

Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Теми на денот

To top