Хроника ПРИЧИНАТА НЕ Е ПОЗНАТА

ТРАГЕДИЈА: Бебе почина во охридската болница

Детското одделение во болницата во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга.

ТРАГЕДИЈА: Бебе почина во охридската болница

Едногодишно бебе починало утрово во болницата во Охрид, јавува Телма.

Оттаму информираат дека засега не се познати причините за смртта, а од СВР Охрид соопштиле дека нешто пред 8 часот во СВР Охрид е пријавено дека во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по обидите за реанимација била констатирана смрт без траги на насилство.

За случајот е информиран и Јавен обвинител, по чија наредба телото на бебето е предадено на семејството.

Телма соопштува дека прашања за случајот биле упатени до Министерството за здравство и до директорот на Општата болница во Охрид, Асен Шајн, но засега нема одговор која е причината за смртта на едногодишното дете, како и дали и претходно било лекувано во Охридската болница.

Инаку Детското одделение во болницата во Охрид, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта, а децата во ноќните часови, во викендите и празниците на прегледи и за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга.

Теми на денот

To top