Хроника на патот Македонски Брод-Прилеп

Тешка сообраќајка: Загина 20 годишно момче во судир меѓу автомобил и товарно возило

Тешка сообраќајка: Загина 20 годишно момче во судир меѓу автомобил и товарно возило

На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

To top