Хроника

Тешка сообраќајка на влезот во Дуф: Се судрија мотор и товарно возило, едно лице повредено

Тешка сообраќајка на влезот во Дуф: Се судрија мотор и товарно возило, едно лице повредено

Мотоциклист од Албанија е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, на влезот во гостиварското село Дуф.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во несреќата учествувале товарно моторно возилo „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.О. од Дуф и мотоцикл „сим 250“ со гостиварски ознаки што го управувал О.Ч.(26) од Република Албанија.

-Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, истакнува Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

To top